Економија, финансии, бизнис

Контакт

Коcoво бара тepоpистите осудени за Диво Насеље да се вратат дома?

Коcoво бара тepоpистите осудени за  Диво Насеље да се вратат дома?

Коcoво бара тepоpистите осудени за случајот Диво Насеље да се вратат дома. Оваа информација ја објавија повеќе медиуми на албански јазик. 

Премиерот на Косово,  Албин Курти тврди дека до сега нема официјална иницијатива за ова, и не може ништо да направат додека не заврши случајот на Врховен суд во Македонија. 

Во судирите меѓу припадниците на вооружената група и полицијата во 2015 година, загинаа осум полицајци, а ранети беа 37. Беа убиени и 14 припадници на косовската група, а во судскиот процес 33 лица беа осудени за тероризам и терористичка организација. Бидејќи 7 од нив добија доживотни казни, случајот сега е пред Врховен суд. 

Kосовскиот новинар Вехби Кајтази ја критикува групата која пред неколку години упадна во кумановско Диво Насеље. 

Тој вели дека таканаречената кумановска група, односно косовските државјани кои ги предизвикаа крвавите инциденти во мај 2015 година во кумановско Диво Насеље, се злосторничка банда и немаат никаква врска со правата на Албанците во Македонија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Слично

Поврзани вести