Коцијас сугерира тајно гласање во грчкиот парламент за ратификацијата
Поранешниот министер за надворешни работи Никос Коцијас сугерира тајно гласање во грчкиот парламент за ратификувањето на Преспанскиот договор по слободен избор на совеста на пратениците во своето интервју за една телевизиска емисија.
Тој е убеден дека има јасно мнозинство во корист на Спогодбата од Преспа, и ја повика Сириза да стави крај со коалиционата соработка со Панос Каменос ако сака повторно да победи на парламентарните избори на пролет..
Потписникот на Преспанскиот договор порача дека грчката јавнсот не треба да се плаши од Македонија, која како што рече тој, има "само 6% од грчкиот БДП, 1/7 од населението и 2% од грчките одбранбени капацитети".
- Атина во секое време може да го блокира нивното пристапување кон ЕУ доколку договорот не успее - рече Коцијас.
