Економија, финансии, бизнис

Контакт

Коцијанцич: Хан со европски пратеници доаѓа во Скопје - Иванов ќе биде под притисок

Коцијанцич: Хан со европски пратеници доаѓа во Скопје - Иванов ќе биде под притисок

СДСМ веќе ја поднесе иницијативата за продолжување на работата на Собранието и се чини дека тајмингот може да се поклопи со очекуваната посета на еврокомесарот Хан кој ќе се сретне со политичките лидери во Македонија.

Еврокомесарот за добрососедска политика и за проширување, Јоханес Хан, во вторник ќе допатува во Скопје, заедно со тројцата европратеници Едвард Кукан, Иво Вајгл и Кнут Флекенштајн, потврди денеска портпаролката на Евопската комисија, Маја Коцијанчич.

- Како што можете да видите на агендата, комесарот Хан во вторник, на 21 март, ќе патува во Скопје, заедно со тројцата европратеници кои добро ги познавате, Флекенштајн, Кукан и Вајгл. Тие заедно ќе се сретнат со претставници на сите парламентарни политички партии, како и со претседателот Иванов. Тие ќе ја повторат цврстата порака на ЕУ да се почитуваат изборните резултати и да се овозможи демократските процеси да продолжат и брзо да се формира влада што ќе продолжи да го имплементира Договорот од Пржино, рече Коцијанчич.

Слично

Поврзани вести