Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОЦИЈАНЧИЌ ЗА ФАКТОР: Хан доаѓа за да порача - итно формирајте реформска Влада!

КОЦИЈАНЧИЌ ЗА ФАКТОР: Хан доаѓа за да порача - итно  формирајте реформска Влада!

Во пресрет на денешните средби на Комесарот на проширување и добрососедска политика на ЕУ со  македонскиот политички естаблишмент, портпаролката Маја Коцијанчиќ за Фактор  вели  дека  Јоханес Хан лично ќе ја пренесе загриженоста за развојот на состојбите во Македонија како и потребата од итно формирање на Влада.

„Комесарот за проширување и добрососедска политика  и тројцата европратеници  на средбите во Скопје ќе го повторат цврстиот став на ЕУ да се почитуваат резултатите од изборите и да се дозволи демократските процеси да продолжат, и во скоро време да се формира Влада насочена кон реформи која набрзо ќе продолжи да го имплементира договорот од Пржино. Минатата недела, за време на Western Balkans Six Leaders' summit во Сараево, Комесарот Хан ја потенцираше важноста на регионалната соработка и предупреди на ризикот од подгревање на меѓуетничките тензии, со изјави или делувања кои би ги поткопале добрососетските односи.

На прашањето на Фактор  дали Еврокомесарот Јоханес Хан ќе ја осуди албанската платформа на што инсистира ВМРО ДПМНЕ од Брисел со став:   

„Нема да шпекулираме или да коментираме за ничија програма.Очекуваме брзо формирање на нова Влада којашто ќе биде насочена кон имплементација на доспеаните реформи. Ние ќе инсистираме на имплементација на сите точки од Пржинскиот договор и итните реформски приоритети. Сите овие работи се важни за земјата да се врати на патот кон ЕУ кој што го посакуваат и заслужуваат граѓаните“.

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ И ПАРТИИТЕ ДА ГО ПОЧИТУВААТ ИСХОДОТ ОД ИЗБОРИТЕ И УСТАВОТ

„Ги поттикнуваме сите политички учесници, вклучувајќи го и Претседателот, да го почитуваат исходот од изборите, да дејствуваат согласно Уставот и да ги признаат парламентарните мнозинства за да се дозволи продолжување на демократските процеси. Ние ќе инсистираме на имплементација на сите точки од Пржинскиот договор и итните реформски приоритети. Сите овие работи се важни за да земјата се врати на патот кон ЕУ кој што го посакуваат и заслужуваат граѓаните. Ги повикуваме сите да се воздржат од било какви акции или изјави кои што би можеле да поттикнат тензии, вклучувајќи и меѓуетнички, или пак да ги поткопаат добрососетските односи“, вели за Фактор Коцијанчиќ .

Горазд Чомовски

Слично

Поврзани вести