Коцијанчиќ: Прашањето меѓу Србија и Македонија е решено со „конструктивен пристап“
По повод постигнувањето договор од пет точки меѓу македонскиот премиер, Зоран Заев и српскиот претседател, Александар Вучиќ, во Европската комисија оценуваат дека прашањето е решено со „конструктивен пристап“ од обете страни.
Европската унија денеска го поздрави решавањето на билатералното прашање меѓу Србија и Македонија.
„Го поздравуваме фактот што овој случај е решен на конструктивен начин. Меѓусебната почит, добрососедските односи и јакнењето на регионалната соработка остануваат основа за европскиот пат на целиот регион“- вели портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчиќ во изјава за Танјуг.
Претходно таа порача дека ЕУ внимателно го следи развојот на ситуацијата меѓу Белград и Скопје, но одби да ги коментира билатералните прашања меѓу двете земји.
Утрово повикаа на воздржаност и добрососедски односи.
