Економија, финансии, бизнис

Контакт

Коцијанчич: Влада мора да се воспостави без одложување, базирана на парламентарното мнозинство

Коцијанчич: Влада мора да се воспостави без одложување, базирана на парламентарното мнозинство

Влада мора да се воспостави без одложување, базирана на парламентарното мнозинство кое постои. 

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, ова денеска на прес-конференција во зградaта „Берлемонт“ на Еврокомисијата го изјавила портпаролката на неформалната Влада на Еворпската унија, Маја Коцијанчич.

„Ние сме гласни за тоа што очекуваме да се случи во земјата и во оваа фаза, ние го следиме развојот на настаните и постојано говориме во повеќе наврати дека мора да се почитуваат резултатите од последни парламентарни избори и сегашниот неизвесен застој и Влада мора да се воспостави без одложување, базирана на парламентарното мнозинство кое постои. Знаете дека двајцата, Високата претставничка и комесарот Хан го повикаа претседателот да ја преиспита неговата позиција. Ние сега очекуваме сите политички лидери и институции да дозволат демократскиот процес да се одвива, а ова го вклучува и изборот на нов спикер, што ние би сакале да го видиме без одложување“ - вели Коцијанчич.

Очекувањата во Европската унија се дека и покрај сите неизвесности и можни негативни сценарија, неделава во Македонија да се избере нов претседател на Собранието, а потоа, во рок од две недели и да се случи избор на нова македонска влада.

Европската комисија очекува сите политички лидери и институции во Република Македонија да дозволат демократскиот процес во земјата да се одвива, што според официјален Брисел вклучува и избор на нов спикер на парламентот и потоа и нова влада, без одложување.

Слично

Поврзани вести