Економија, финансии, бизнис

Контакт

Коцијанчич порача Иванов да овозможи формирање нова влада во Македонија

Коцијанчич порача Иванов да овозможи формирање нова влада во Македонија

Европската Унија го повикува македонскиот претседател Ѓорге Иванов да го преиспита својот став и да овозможи формирање нова влада во Македонија. 

Ова го порача Маја Коцијанчич, портпаролката на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, пренесува агенцијата СРНА.

Таа повтори дека е неопходно Иванов да го почитува изборниот резултат, да постапува според Уставот, да го почитува собраниското мнозинство и да дозволи демократскиот процес нормално да тече.

Коцијанчич вели дека ЕУ е запозната со писмото кое го испратил Иванов и дека уште пред седум дена ЕУ испрати јасни пораки.

Пред два дена Иванов испрати писмо до претседателот на САД, Доналд Трамп, до ЕУ, НАТО и до претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган да ја осудат и отфрлат тиранската платформа на албанските партии бидејќи нејзината содржина е опасна за Македонија.

Слично

Поврзани вести