Коцијанчич: Никој да не се меша во референдумот -граѓаните сами да одлучат
Граѓаните на Македонија да гласаат на референдумот без надворешни мешања порачува Портпаролката на Европската Комисија, Маја Коцијанчич, од Брисел.
„ЕУ го поддржи постигнатиот договор за името, сега низа чекори треба да се случат за договорот да стане дефинитивен. Референдумот е моментот кога народот може да го искористат своето демократско право, ова е важен момент за нив да одлучат да иднината на нивната земја и треба да им биде овоможено тоа да го направат без надворешно мешање“, кажала Коцијанчич, јавила дописничката на МИА.
Коцијанчич потенцирала дека европските служби ги споделуваат своите најдобри пракси во оваа област со нејзините партнери, но дека организацијата на референдумот е пред сѐ во рацете на државата како суверена земја.
