Коцијанчич: Брисел испрати јасна порака што очекува од Македонија на претстојните избори
Европската Унија ги поддржува реформските напори во Република Македонија, изјави денеска портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич.
Вели дека Брисел испратил јасна порака што очекува од Македонија на претстојните избори.
„Јасно ставивме на знаење дека новата Влада и опозицијата треба да ги остават поделбите настрана и да работат заедно на имплементацијата на реформските приоритети и на Договорот од Пржино, за да се врати земјата на евроатлантскиот интеграциски пат“ – изјави Коцијанчич.
Портпаролката на ЕК повтори дека ставот на Брисел е дека единствен начин за придвижување нанапред е преку спроведување на реформите.
Слично
