Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОЧОСКА ЗА КАВГАТА СО ПЕТРОВСКА: Оставете на времето, за многу скоро ќе ви биде јасно зошто се случуваа сите овие работи

КОЧОСКА ЗА КАВГАТА СО ПЕТРОВСКА: Оставете на времето, за многу скоро ќе ви биде јасно зошто се случуваа сите овие работи

Наскоро ќе ви биде јасно зошто се случуваа овие работи, вели министерката за економија, Гордана Димитриеска-Кочоска за вербалниот судир со пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска во Собранието.

Таа денеска уште еднаш повтори дека за неа веќе е затворено прашањето поврзано со Петровска во Собранието минатиот четврток, но и дека наскоро на сите ќе им биде јасно зошто се случувало тоа.

„Жалам што имаше таков дефокус во однос на тоа што јас го кажав од говороницата и како беше интерпретирано. Неколку пати повикав на тоа луѓето да ја ислушаат целата комуникација во Собранието и самите да носат заклучоци“, рече Димитриеска-Кочоска. 

Вели би се извинила ако згрешила, но воопшто немало таква намера, да навреди, туку говорела за трошоците за живот. 

„Оставете на времето, за многу скоро ќе ви биде јасно зошто се случуваа сите овие работи“, вели Димитриеска-Кочоска.

Инаку, СДСМ бараа извинување, но и оставка од министерката. Таа на седница ја праша Петровска со кое право ги става во уста мајките и како знае колку троши едно семејство кога нема деца. Петровска рече дека со овој говор, министерката сакала да ја омаловажи, но таа не ја примила навредата. Петровска кажа дека ќе се жали за дискриминацијата до соодветната комисија. За однесување на министерката имаше серија осуди. 

Слично

Поврзани вести