Кочински: Ќе биде прогласена епидемија на заразна болест на подрачјето на Гостивар
Д-р Драган Кочински, раководител на одделот “Епидемиологија на заразни заболувања” при Институтот за јавно здравје во изјава за медиумите рече дека денеска ќе биде донесена одлука за прогласување епидемија на подрачјето на Гостивар.
„Се забележува зголемување на стапката на заболени лица, надминат е прагот на неделно ниво. Треба да се земе во предвдид дека за да се пријави епидемија треба да има пријави за заразна болест доставени до епидемиолошката служба. Во текот на денешниот ден ќе биде донесена одлука за пријавување на епидемија на заразна болест, она што дополнително би се добило преку пријавување е подобра комуникација на сите надлежни нституции.
Апелирам населението да соработува со луѓето кои им се јавуваат за анкетирање и да ги слушаат здравствените работници за давање на примероци за испитување“, рече Кочински.
