Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кочанскиот суд ја одби жалбата на Обвинителството, инспекторите на УЈП остануваат во куќен притвор

Кочанскиот суд ја одби жалбата на Обвинителството, инспекторите на УЈП остануваат во куќен притвор

Кочанскиот суд ја одби жалбата на Обвинителството,кое бараше ефективен наместо кужен притвор за инспекторите на УЈП,Драган Паунов и Дуле Димитриев, осомничени за поткуп пред трагедијата во дискотеката „Пулс“.

Жалбите на обвинителството и осомничените се разгледуваа во рок од 48 часа, но точниот момент на објавување на одлуката остана неизвесен.

Контролорите на УЈП се осомничени дека земале поткуп и му давале информации на синот на газдата на дискотеката Пулс за ненајавени контроли.

Адвокатот на Паунов изјави дека според досегашната судска пракса вакви дела обично не се санкционираат со куќен притвор, а особено не со ефективен затвор.

Истражувачката репортерска лабораторија објави преписка меѓу Паунов и синот на газдата на Пулс, која вклучува фотографии и пораки за контроли во градот.


Слично

Поврзани вести