Кочанскиот градоначалник Папазов на кој му се слоши на прес е позитивен на коронавирусот
Градоначалникот на Кочани Љупчо Папазов потврди дека е позитивен на коронавирусот.
Тој доцна попладнево добил позитивен резултат на PCR-тестот за Ковид-19 што го направил во кочанскиот Центар за јавно здравје.
Во кусата телефонска изјава за МИА, Папазов потврди дека се чувстува добро, без видливи симптоми на Ковид-19, иако и двата теста го потврдиле присуството на коронавирусот.
Папазов вчера ја презеде градоначалничката функција, но од денесека е на боледување и работните обврски ќе ги координира од домашна изолација.
Завчера на прес - конференција во Скопје, на која говореше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, а зад него беа новите градоначалници, на Пазазов му се слоши и падна.
Слично
