КОЧАНИ СЕГА Е МРТВО, НО ЌЕ ВОСКРЕСНЕ: Отец Арсовски кој ги смири протестите во Кочани, јавно раскажа што се случувало
Отецот Димитар Асровски кој стана познат во јавноста откако успеа да ги смири гневните и бесни граѓани на Кочани, кои протестираа по кобната несреќа во дискотеката Пулс. Тој успеа да ги смири луѓето, „во името на Бога“ и ги замоли да почекаат дечињата да бидат закопани.
Јутјуберот Стефан Лазаров беше поканет од страна на отецот, во црквата Св.Ѓорѓи, за да му раскаже што се се случувало во Кочани, но и што нему му било најтешко во целата ситуација.
На тоја прашање тој рече дека најтешко му било за време на погребот, бидејќи пред гробовите имало поставени листови со имињата и презимињата на починатите деца, кога мајките оделе од гроб на гроб, барајќи го името на своето дете.
Слично
