КОЧАНИ ПУШТЕНО НИЗ ВОДА: Независниот советник Крстевски бара помош
Кочанскиот независен советник, Венко Крстевски вели дека неговиот град е „пуштен низ вода“.
Тврди дека по оставката на сега веќе поранешниот градоначалник Љупчо Папазов, може да се очекува наскоро блокади на институциите во нормалното функционирање, затоа што, според него, нема да има плата за пожарникарите, градинките, училиштата, библиотеката, нема трансфер на средства за КЈП Водовод по основ на програми, нема исплата на обврски спрема добавувачи, нема исплата кон спортски друштва и здруженија на граѓани…
„Заглавени се сите процедури и документи како уверение за социјална помош, оставинска постапка, купопродажни договори, договори за поклон, одобренија за градба итн. Нелегални објекти кои се безбедносна опасност продолжуваат да работат непречено. Имаше најави за СЕРИОЗНА дополнителна ФИНАНСИСКА ПОМОШ на Кочани од Централната власт, до сега со ОДЛУКА на Влада тие ПАРИ МОРАШЕ да бидат ОДОБРЕНИ, истите ветувања спласнуваат. Дали ќе биде ,,секое чудо за три дена” па така ќе се заборави и со овие ветувања?!“, прашува Крстевски.
Тој ги повика власта и опозицијата да помогнат на Кочани во најбрз рок да се избере градоначалник и да се помогне градот финансиски со проекти.Инаку, се сметаше дека Крстевски може да дојде на позицијата на Папазов.
