Кочани ќе штеди струја, се заменуваат пумпите за вода
Започна заменувањето на пумпите за вода, со нови и штедливи во препумпната станица во објектот на некогашната Филтер станица во Кочани и во изворите во Грдовски орман.
Како што информираат КЈП „Водовод“, новите пумпи заштедуваат електрична енергија при транспортот на водата и при одржување на пумпите и електромоторите, додека истовремено системот за снабдување со вода за пиење се зголемува од 235 на 280 литри во секунда.
Целиот проект чини 200 000 евра, а се реализа со кредит од КФВ банката. Повратот на средствата се очекува да биде за 4 до 5 години, кога ќе почне рокот за отплата на првата рата од заемот.
Слично
