Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОЧАНЧАНИ СО ПОРАКА: Ќе имаме два протести денес, на едниот ќе протестираат роднини на уапсеното обезбедување

КОЧАНЧАНИ СО ПОРАКА: Ќе имаме два протести денес, на едниот ќе протестираат роднини на уапсеното обезбедување

На фејсбук групата „Кочани“, осамна известување дека денес во Кочани ќе има два протести. Едниот ќе биде од 18 часот каде граѓаните ќе побараат вистината да излезе на виделина, а вториот е во организација на роднините и пријателите на приведените обезбедувачи на локалот Пулс.
„Денес, во Кочани ке се одржат два мирни протести, испраќајќи јасни пораки за правда и одговорност.

Во 18:00 часот, во градскиот парк ќе се одржи мирен протест, на кој граѓаните ќе го изразат својот став и ќе побараат вистината да излезе на виделина. Организаторите апелираат протестот да биде достоинствен и без инциденти.

Во 20:00 часот, роднините и пријателите на приведените обезбедувачи ќе одржат протест со барање за нивно ослободување. Тие истакнуваат дека обезбедувањето кобната ноќ спасило многу животи и бараат праведен судски процес“, се вели во пораката.

Во друга порака до јавноста пак, пишуваат никако да не се мешаат двата протести.
„Граѓаните бараат правда без притисок врз судството

Граѓаните на Кочани истакнуваат дека Кочани е мал град, сите се познаваме, ги познаваме и луѓето што беа дел од обезбедувањето. Но, апелираат двата протеста да не се мешаат доколку обезбедувањето има било каква вина, нека биде казнето според закон.

Важно е да не се врши притисок врз судството и да му се остави просторот да го реши овој случај. Иако е јасно како функционира системот и дека веројатно им било наредено да пропуштат малолетници, останува фактот дека како агенција за обезбедување не ја извршиле својата обврска и го прекршиле правилникот за работа.

Ако и сега се премолчи ова, ќе прерасне во навика. Македонија е на тест мора да има одговорност дури и за најмалата грешка!“, се вели во објавата.







 

Слично

Поврзани вести