Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОЧАН УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Во три населени места измерени - 10 степени

КОЧАН УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Во три населени места измерени - 10 степени

Студено утро во Македонија, со измерени -10 степени во седум часот во Берово, Маврово и Лазарополе.

Во Крива Паланка и Крушево се измерени -8 степени,  Тетово, Ѓуриште, Претор, Пожаране, Прилеп и Скопје Петровец -6,  Дебар, Тополчани, Охрид и Битола -5, Виница, Струмица, Демир Капија, Скопје и Штип -4, а во Гевгелија -1. 

Најмногу снег има во Ѓуриште, 12 сантиметри, а снежната покривка во Маврово изнесува 8 сантиметри, во Пожаране 7. 

Следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. Во четврток, петок и во сабота ќе има услови за појава на магла по одделни котлини

Слично

Поврзани вести