Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОЧАН УТРО: -18 степени измерени во овој град

КОЧАН УТРО: -18 степени измерени во овој град

18 степени под нулата утринава се регистрани во Битола во седум часот.

Зад Битола на листата градови каде утрово било многу студено се Прилеп и Лазарополе каде се измерени -12 степени, -11 во Берово, -10 во Скопје-Петровец, Тетово, Охрид, Струмица и Дебар, -9 во Претор и Крушево, -8 во Крива Паланка, -7 во Демир Капија и Ѓуриште,  -6 во Скопје-Зајчев Рид, Виница и Пожаране, -5 во Штип, -2 во Дојран и нула степени во Гевгелија.

Најмногу снег има во Маврови Анови, каде висината на снежната покривка изнесува 61 сантиметри, 49 сантиметри снег има во Лазарополе, 36 во Крушево, 33 во Дебар и Пожаране, 28 во Битола, 27 во Охрид и Ѓуриште, 20 во Тетово и Претор, 12 во Прилеп, 9 во Струмица, 8 во Крива Паланка и Берово, 7 во Скопје-Зајчев Рид, Штип и Демир Капија, 5 во Скопје-Петровец, 4 во Виница и 2 во Гевгелија.

Како што соопштивме времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност а максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 8 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 3 степени.

Слично

Поврзани вести