Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОЧАН НА ОБВИНИТЕЛНА КЛУПА: Ќе почне ли конечно рочиштето за милионскиот тендер од ЕЛЕМ ?

КОЧАН НА ОБВИНИТЕЛНА КЛУПА: Ќе почне ли конечно рочиштето за милионскиот тендер од ЕЛЕМ ?

Случајот „Труст“ кој специјалните јавни обвинители го покренаа за тендерот што во 2011 година го распишала државната фирма „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ) за ископување јаловина и јаглен од рудникот Суводол во Битола а во кој прв осомничен е бизнисменот Сеад Кочан се уште стои во место.

Денеска е закажано ново рочиште кое ќе биде уште еден обид за старт.

Во „Труст“ се осомничени три правни и три физички лица. Станува збор за фирмите „Трансмет“ од Скопје,, „Силекс“ од Кратово и „Вато“ од Студеничани.

Тие на тендерот на ЕЛЕМ му доставиле лажна документација во која прикажале наводна сопственост на тешка механизација за ископување, која ја немале и не ја набавиле, а таа што ја имале била со помал капацитет.

Осомничените со фалсификувани документи местеле тендери во ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра.

Слично

Поврзани вести