Економија, финансии, бизнис

Контакт

Коцевски за анкетната комисија: Tреба многу да се внимава за да не се компромитираат докази и сведоци

Коцевски за анкетната комисија: Tреба многу да се внимава за да не се компромитираат докази и сведоци

Јавниот обвинител, Љупчо Коцевски не гледа потреба од анкетна комисија за пожарот во Кочани додека трае судскиот процес.

Според него, треба многу да се внимава за да не се компромитираат докази и сведоци од истрагата. Тој додаде и дека две паралелни постапки не е целисходно да се водат во овој момент.

Коцевски потенцираше дека истрагата која ја водеше обвинителството била доста сеопфатна, ангажирале многу јавни обвинители, кои донеле јавнообвинителска одлука против обвинети кои што и сега се опфатени со обвинението.

Тој додаде дека треба да се има предвид тоа што обвинителниот акт за осомничените полициски службеници за „Пулс“, за кои истрагата ја води Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција всушност случајот го работи само еден јавен обвинител, а како што кажа, процесот бил доста сложен и комплициран. 

Во пожарот кој се случи во март годинава, загинаа 63 луѓе, а повредени беа околу 200. Пожарот изби на концерт на ДНК во дискотеката „Пулс“. Пиротехниката го запали плафонот, а настрадаа и членовите на ДНК. 

Слично

Поврзани вести