КОЦЕВСКИ: Стигна одговорот од Бугарија за ТОЕФЛ-сертификатот на директорот на АНБ
Основното јавното обвинителство Скопје од Бугарија го добило одговорот што преку меѓународна правна помош го бараше за предистражната постапка што ја води за ТОЕФЛ-сертификтот на директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Бојан Христовски.
Државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски во гостувањето во „Топ тема“ на ТВ Телма вечерва изјави дека не може да ја открие содржината на одговорот, но кажа дека тој бил поттик да испитуваат и други околности и факти и најави дека наскоро ќе излезат со јавнообвинителска одлука.„Значи по меѓународна правна помош стигна од Бугарија, дали работела или не таа школа и дали издавала или не такви сертификати“, рече Коцевски.
ТОЕФЛ-сертификатот на Христовски, му го издало училиштето „Јулија Ко.“ од Пловдив, Бугарија.
Слично
