КОЦЕВСКИ: Ќе ангажираме вештаци од сите области, така што ќе ги видиме и причините и одговорноста
По пожарот во Кочани кој однесе во смрт 51 млад човек, обвинителството ветува брза истрага.
„Обвинителството ќе спроведе брза истрага, ќе ангажираме вештаци од сите области, така што ќе ги видиме и причините и одговорноста“, изјави државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски кој е во Кочани.
Коцевски рече дека првичните сознанија се дека се работи за пиротехника, но во овој момент не може ништо повеќе да каже затоа што се врши увидот на лице место.
„Се преземааат сите истражни дејствија, допрва ќе се утврдуваат причините“, dodade Коцевски.
Коцевски не кажа ниту според кој член од Кривичниот законик ќе ги гонат лицата кои се на разговор. На предметот работат 5 јавни обвинители.
Државниот обвинител не можеше да потврди дали се точни информациите дека во објектот имало од 1.500 до 1.700 луѓе.Тој додаде дека во моментот повеќе лица се поканети на разговор и се сослушуваат. Преземени се мерки тие да не избегаат.
Коцевски рече и дека не ја знае бројка на приведени, затоа што и во моментов се приведуваат лица на сослушување.
