Коцевски: Истрагата за Артан Груби е речиси завршена, се чека на екстрадиција
Истрагата во која е осомничен поранешниот прв вицепремиер Артан Груби е речиси завршена, единствено се чека на неговата екстрадиција, рече јавниот обвинител на РСМ, Љупчо Коцевски, во гостување во емисијата „360 степени“ на МРТ 1.
Според него, сите докази се собрани, има и финансиска истрага, но немаат информација каде е Груби бидејќи тоа не е надлежност на Обвинителството.
Кажа и дека поблематичните легализации во Чаир се обработуваат низ два предмета – едниот, по допрен глас, во Основното јавно обвинителство Скопје, а другиот, по пријава на поранешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска.
фото принтскрин
Слично
