Економија, финансии, бизнис

Контакт

Коцевски до Ѓорѓиевски: Доколку има докази за злоупотреби во јавните претпријатија е надлежен и тоа може да го пријави

Коцевски до Ѓорѓиевски: Доколку има докази за злоупотреби во јавните претпријатија е надлежен и тоа може да го пријави

Jaвниот обвинител Љупчо Коцевски го охрабри скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски да пријави злоупотреби во јавните претпријатија ако има докази. 

Вели дека Ѓорѓиевски доколку има докази за злоупотреби во јавните претпријатија е надлежен и тоа може да го пријави. 

„Во однос на изјавите на градоначалникот дека Јавното обвинителство треба по допрен глас, само ќе кажам дека тој како градоначалник доколку има докази е надлежен и тоа може да го пријави на надлежните органи, да ги донесе тие документи, евентуално што го има, во Јавното обвинителство. И, досега Јавното обвинителство, така постапувало, што значи дека ќе постапува и натаму и доколку навистина има злоупотреби, ние немаме проблем, стоиме на располагање“, изјави Коцевски.

Ѓорѓиевски рече дека затекнал 16 функционални камиони на ЈП Комунална хигиена зашто Градот должел за сервисирање. Како што рече во интервју за ТВ Сител, сервисерите излегле во пресрет и сега има над 40 оперативни машини кои работат на терен, очекува во наредните денови да има 60-ина со што, рече, би биле целосно оперативни. 

Слично

Поврзани вести