„Коцекабана“ годинава остана неотворена
Градската плажа „Парк“, позната помеѓу скопјани и како „Коцекабана“, именувана според поранешниот градончалник на главниот град Коце Трајановски, годинава е целосно нефункционална за користење.
Традиционално, секоја година по ред се отвораше на почетокот на јуни, а лани одбојкарското и ракометното игралиште започна со работа во мај. Оваа година ги нема тропските барови и останатите реквизити со кои слободно се користеа скопјани.
Градската плажа „Парк“ беше отворена во 2010 а за неа беа потрошени неколку стотина илјади евра.



Слично
