Економија, финансии, бизнис

Контакт

Коце Трајановски уште 4 години сака да биде градски татко

Коце Трајановски уште 4 години сака да биде градски татко

Коце Трајановски кој неговата партија ВМРО-ДПМНЕ го претставува како посветен работник за интересите на скопјани по трет пат ќе се кандидира за градоначалник за уште 4 години да биде градски татко.

Трајановски најави дека ќе влезе во трката за претстојните локални избори бидејќи зад себе веќе има два успешни мандати. Во 8 годишното владеење на Трајановски локалната власт во Скопје водеше сосема нова политика со постојано присуство на терен, дали реално дали само за себепромоција, тоа најдобро може да оценат граѓаните кои директно ги гледаат ефектите од „проектите“.

Градоначалникот на Скопје досега оставаше имиџ на политичар кој не води премногу битки за партијата што му дава еден адут за претстојната кампања за локалните избори бидејќи се трудеше што е можно повеќе да стои настрана од скандалите во кои беа вмешани поранешните функционери на ДПМНЕ во извршната власт.

Битката за Скопје ќе биде една од најнеизвесните бидејќи се возможни различни коалиции, а се поизвесно е дека СДСМ ќе мора да соработува со ДУИ како во поединечните општини Чаир, Бутел, Арачиново, така и за фотелјата во бараките во Градски парк. 

Трајановски речиси сигурно е дека ќе ја добие поддршката за трета кандидатура од матичната партија бидејќи досега ниту еден од скопските градоначалници, како на пример Коневски од општина Аеродром или Трајковски од Гази Баба кои имаат огромно влијание и најголем број на гласачи гледано според поединечни општини не пројавија интерес за градоначалничко скалило погоре, а исто така на нивен терен ќе мора да се потрудат многу повеќе за да ги задржат функциите.

Слично

Поврзани вести