Економија, финансии, бизнис

Контакт

Коце Трајановски со контра-настан против Петре Шилегов: Ниту еден од 50-те проекти не му е завршен

Коце Трајановски со контра-настан против Петре Шилегов: Ниту еден од 50-те проекти не му е завршен

Претходниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски, денеска направи контра-настан „Скопје 2 години без градоначалник“ по вчерашниот настап на Петре Шилегов на собирот „Чекор по чекор. Две години со Петре Шилегов“ и рече дека актуелниот градски татко не завршил ниту еден од 50-проекти од неговата програма.

„Скопје после пола мандат на Шилегов е град во кој хигиената е на многу ниско ниво, отпадот е расфрлан околу контејнерите, и на мали депонии, гледаме голема негрижа кон зеленилото, воздухот магично не се исчисти како што ветуваа, а градежни проекти на градот скоро и да ги нема“, рече Трајановски.

Поранешниот градоначалник рече дека во меѓувреме биле вработени уште 200 нови комуналци но, и покрај тоа, како што вели тој, за граѓаните Скопје никогаш не бил повалкан, а уличните кучиња никој повеќе не ги третира. Тој рече дека Шилегов реконструкција на неколку булевари ја претставува како врвно градежно достигнување. 

„А, всушност е само гребење и асфалтирање. Сметам дека ова се направи после изгубените претседателски избори во Скопје и во пресрет на следните парламентарни избори. Од големите градежни ветувања како голем ринг околу Скопје со булеварите „Црногорска“, „Словенечка“, „Хрватска“ нема ни трага ни глас“, смета Трајановски.

За новите проекти кои ги најавува Шилегов, како трамвајот и новата автобуска регулација, смета дека е во функција на предизборната кампања со цел „да се поправи лошата слика и да се добие повеќе гласови“.


Слично

Поврзани вести