Економија, финансии, бизнис

Контакт

Коце Трајановски: Шилегов проширува булевар со нерешени имотно-правни односи

Коце Трајановски: Шилегов проширува булевар со нерешени имотно-правни односи

Поранешниот скопски градоначалник Коце Трајановски рече дека проширувањето и реконструкцијата на булеварот Борис Трајковски, што вчера го започна Град Скопје, се изведува на потег со нерасчистени имотно-правни односи. 

Според Трајановски, градоначалникот Петре Шилегов брза да се прикаже како работник на неколку месеци пред локалните избори, иако како што вели тој, реконструкцијата и проширувањето на „Борис Трајковски“ не била предвидена во инвестициската програма за 2021.
„Сето ова го правиш само за да ја смениш сликата за себе од неработник сакаш со неколку сликање,две три изјави и разни ПР трикови да станеш работник.Започнуваш проекти без решени имотно-правни односи,го започнуваш булеварот "Борис Трајковски" од Пинтија до Драчево сега само затоа што сакаш да добиеш некој поен пред избори кај жителите на тој дел од Скопје.

Петре, граѓаните на Драчево се паметни немој да ги потценуваш,знаат дека само им мачкаш очи пред избори.

- цел мандат чуваше готов проект во фиока,зошто?!

- Во буџетот за 2021 год. Овој булевар го немаше планирано,но под притисок на јавноста и желбата за победа макар и со лага, го стави со измена програмата за 2021г.

-со нерешени имотно-правни односи ќе биде чекор напред,чекор назад или ќе тапкаш во место уште долго време,требаше тоа да го сработиш за овие четири години мандат.

И за крај Петре,за да народот те препознава како работник сака секој ден да си присутен на терен и помеѓу луѓето,сака работа,сака голем труд и време посветено на проектите“, пишува Трајановски на Фејсбук.
Град Скопје вчера соопшти дека на овој потег со вкупна должина од 2.325 метри ќе се изврши целосна замена на стариот асфалт со нов, проширување од две на четири коловозни ленти, изградба на пешачки патеки од двете страни на булеварот и велосипедска патека од едната страна. Kрстосницата пред мостот кај Драчево ќе биде заменета со кружен тек со дијаметар од 20 метри.

Слично

Поврзани вести