Економија, финансии, бизнис

Контакт

Коце Трајановски: И јас му дадов тендер на партнерот на Царовска, но за помала сума

Коце Трајановски: И јас му дадов тендер на партнерот на Царовска, но за помала сума

Поранешниот скопски градоначалник Коце Трајановски ги потврди тврдењата на неговиот наследник Петре Шилегов дека потпишал договор со фирмата за дронови Флај Кем на партнерот на министерката за образование Мила Царовска.

Трајановски сепак тврди дека тогашната сума била помала за 60 oтсто отколку актуелната од еден милион денари што ја потпишал Шилегов за снимање на инфраструктурни проекти со истата компанија.

„Фирмата Флај Кем ја намали цената на околу 400.000 ден т.е за повеќе од50%, па врз основ на тоа го доби и тендерот. Во декември 2015 година кога беше распишан тендерот, и 2016 година кога беше потпишан договорот, во тоа време Мила Царовска беше непозната во политиката, односно работеше во невладиниот сектор.

Наместо да се вади на потписи од мене и на флоскулата "и тие така правеа" Петре Шилегов мора да даде релевантен одговор дали во ова време на економска рецесија и време на здравствен траор за граѓаните, тој мораше да отвори тендер за да во изборна година се најде ангажман за животниот партнер на Мила Царовска, актуелен министер во владата, и сопартиец на Петре Шилегов?

Притоа, мора да одговори, ако партнерот на Царовска за да добие тендер можел да намали цена на под 50% од еден милион денари, зошто тоа не го направил и сега?“, напиша меѓудругото Трајановски.


Слично

Поврзани вести