Економија, финансии, бизнис

Контакт

Коце Трајановски ги крие политичките амбиции

Коце Трајановски ги крие политичките амбиции

Претходниот градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, во последно време е мошне активен во „првите борбени редови“ на антивладините протести организирани од ВМРО-ДПМНЕ, а беше и меѓу видните гости на партиското одбележување на Денот на македонската борба во МНТ во октомври.

Трајановски за „Фактор“ вели дека не го интересира политика, туку работа.

- Од секогаш сум бил човек што работи на терен, а помалку сум сакал да коментирам политика во јавност. Инаку, во партијата секогаш сум бил активен - ни изјави претходникот на Петре Шилегов кој ја водеше градската управа во два мандати во низа.

Во врска со загадениот воздух исто така имаше краток коментар.

- Самата ситуација кажува се, се гледа, се чувствува, не треба коментар за тоа - вели тој.

Трајановски повеќе од една година веќе не е градоначалник на Скопје, откако на минатогодишните локални избори загуби од Шилегов.

Слично

Поврзани вести