Економија, финансии, бизнис

Контакт

Коце Трајановски еден од кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје

Коце Трајановски еден од кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје

Поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски, е еден од кандидатите зад кои ВМРО-ДПМНЕ може повторно да застане на локалните избори, потврди денеска лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски.

Во момоентов Трајановски е едно од имињата кое се мери на анкетите за кандидат за градоначалник за Град Скопје.

- Многу скоро ќе имаме тематска прес-конференција и ќе ја информираме јавноста за имињата на 15-та кандидати. Очекуваме во текот на следната недела да имаме Извршен комитет на партијата, да потврдиме уште некое име, па може ќе бидат повеќе од 15.  Се работи за комплетно нови имиња, познати за жителите на општините од кои доаѓаат и првпат се кандидираат за политичка функција. Едно од имињата што се мери на анкети е и Коце Трајановски, исклучително успешен градоначалник во минатото, рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека има многу кандидати кои би можеле да бидат успешни и победници во дуелот со Шилегов, нокако што вели тој, од партијата сакаат триумфот во трката за градоначалник на Скопје да биде најубедлива досега.

Слично

Поврзани вести