Економија, финансии, бизнис

Контакт

Коце Трајановски доби кривична пријава за назначување директор

Коце Трајановски доби кривична пријава за назначување директор

Коце Трајановски, поранешниот градоначалник на Скопје, доби кривична пријава од СВР Скопје поради фаворизирање на едно лице при избор на директор за градското претпријатие Водовод и канализација. Пријава добиле уште три лица од градската управа ословени како Н.И.(65), В.Ѓ.(53) и Б.Т.(67) во постапката на конкурсот.

Станува збор за оглас од 2014-та, а пријавени се злоупотреба на службена должност.. Избраниот директор А.А. имал некомплетни документи, односно дипломата за завршен факултет во државата Њујорк во САД не му била нострифицирана. Сепак Трајановски донел одлука за избор на ова лице за управител иако имало и десет други кандидатури.

Случајот е разгледан по преставки од Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално-станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва (СУТКОЗ) доставени до Министерството за труд и социјална политика и до Државниот инспекторат за труд.

Трајановски ги игнорирал укажувањата на инпекцискиот надзор дека изборот е невалиден.


Слично

Поврзани вести