Коце ќе му ја смени фасадата на Андреј
Семејната куќа на градоначалникот на Центар Андреј Жерновски е еден од 19-те објекти за кои Градот Скопје завчера објави тендер во кој бара идејно решение за нови фасади, објави ТВ Алфа.
Според телевизијата, од Кабинетот на градоначалникот Коце Трајановски не понудиле одговор зошто во програмата за нови фасади е влезен и овој објект.
И Жерновски одбил да коментира денеска.
„Градоначалникот Жерновски утре ќе даде изјава на темата. Несфатливо е сепак како некој може да одлучува за нечија приватна сопственост, особено што се работи за наследена куќа стара 70 години“, информираа од општина Центар.
Потребата од нови фасади од Градот Скопје ја правдаат со нивната дотраеност, а најавуваат дека за новиот изглед ќе ги консултирале и сопствениците на засегнатите објекти.
Ќе се менува излгедот на повеќе клучни објекти, меѓу кои поранешото седиште на Комерцијална банка, музичко-балетското училиште, седиштето на Стопанска банка во ГТЦ, Трговските центри „Палома Бјанка“ и „Плаза“, хотелот „Стоун Бриџ“, зградите на „Технометал“, „Фершпед“, Министерството за труд и социјална политика и други кои гравитираат околу плоштадите „ВМРО“ и „Мајка Тереза“.
За сега не се знае дали сите овие фасади ќе се реконструираат во барок-стил. Тоа ќе зависи од идејните решенија кои ќе пристигнат на конкурсот, а краен рок за доставување на понудите е мај, велат од Град Скопје.
Слично
