Коце до Беличанец: Замина без да кажеш збогум
Емотивни статуси, изливи на емоции и пораки упатени до актерката Билјана Беличанец.
На социјалните мрежи не стивнуваат статусите кои допираат до јавноста а се последно збогум за поранешната градоначалничка на општина Кисела Вода.
Фејсбук статус покрај екс премиерот Никола Груевски и напиша и поранешниот скопски градоначалник Коце Трајановски.
Тој пишува дека Билјана заминала без да каже збогум.
„Се бореше со огромна енергија за секој дел од Кисела Вода да направиш нешто подобро. Твоите барања кон градот и кон мене беа со љубезност, молба и желба за подобра општина. Јас, насмевка и среќата успевав да ти изнудам на секоја средба и за секој проект што го направивме за Кисела Вода. Ќе ни недостигаш. Најди мир во вечноста Биле“.
