Коцарев: Дали вратата на ЕУ семејството за Македонија ќе биде затворена многу долг период или засекогаш?
Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) ги критикуваше преговорите со Бугарија, која пак бара да ги внесеме Бугарите во Уставот.
За промените на Уставот, денеска прв говореше претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев. Тој Договорот со Бугарија и Преспанскиот договор, но и барањето за внесување на Бугарите во Уставот ги оцени како извор на нестабилност во регионот.
Коцарев рече дека Бугарија сака да ревидира дел од историјата на македонската борба за ослободување, но и да го ревидира самиот израз „фашистички окупатор“.
„Ако ЕУ преку ветото на една своја членка, како услов за почнување на преговорите, бара од Македонија не само да избрише дел од својата историја поврзана со борбата за ослободување од бугарскиот фашистички окупатор, туку и да ја ревидира синтагмата „фашистички окупатор“ што, за жал, е поддржано од дел од македонските политичари, но и од македонските квазиисторичари, зар тоа не придонесува за разнебитувањето на македонската држава. Поради тоа, се поставува прашањето: која е пораката што ЕУ и ја праќа на Македонија? Дали, всушност, вратата на ЕУ семејството за Македонија ќе биде затворена многу долг период или засекогаш?, рече Коцарев.
Академик Катица Ќулавкова дел од вината за ултиматумите кои ги добива земјава во интегративните процеси ги лоцира и во индиферентноста на МАНУ.
Бугарија инсистира на внесување на Бугарите во македонскиот Устав, но не го признава македонското малцинство.Македонските власти кажаа дека од претходно имале барање за внесување на Хрватите и Црногорците, а сега и за Бугарите во Уставот. Министерот за надворешни работи, Бујар Османи не гледа проблем тоа да се направи.
