Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кобните несреќи недоволни за освестување: МВР им изнапиша казни на возачите викендов во Скопје

Кобните несреќи недоволни за освестување: МВР им изнапиша казни на возачите викендов во Скопје

Над 200 возачи викендов во главниот град добија казна од полицијата. 

Несовесното возење, односно управување на возилото со брзина поголема од дозволената и присуство на алкохол ги удрија по џеб возачите во Скопје.

Според полицискиот билтен акциската контрола на полицијата синоќа регистрирала 55 возачи кои возеле пребрзо за што добиле исто толку мандатни казни.

На 64 други пак им се издадени 27 мандатни платни налози за други прекршоци а 37 добиле и прекршочен платен налог.

Полицијата санкционирала 24 возачи кои возеле под дејство на алкохол .

Овие податоци укажуваат на фактот дека последните несреќи кои во метрополата се случија токму поради брзо возење свеста бавно проработува а возачите се нетрпеливи во сообраќајот.

Слично

Поврзани вести