Кобни убоди во гради: По расправија до убиство пред дете во Прилеп
Предновогодишна трагедија го потресе Прилеп.
Пијан маж со нож ја убил вонбрачната партнерка пред нејзиното дете.
Како што соопштија од ОЈО мажот од Прилеп кој имал 36 години ја убил партнерката пред малолетното дете.
Осомничениот 33 годишната партнерка ја убил во петокот со неколку убоди од нож во гради во присуство на десетгодишното дете.
Обвинител од Прилеп објави обдукција на убиената, а нејзиниот осомничен партнер веднаш е уапсен.
Според првичните информации, убиецот имал повеќе од два промили алкохол во крвта, а на убиството му претходела расправија.
Точниот податок ќе се знае кога се заврши анализата на крв и урина-стои во соопштението на ОЈО.
Слично
