Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кобна сообраќајка во Кичево: Почина возач на швајцарско БМВ

Кобна сообраќајка во Кичево: Почина возач на швајцарско БМВ

Тешка сообраќајна несреќа се случила 10 минути по полноќ синоќа на магистралниот пат Гостивар – Кичево, во близина на Новоселски мост.

Патничко возило „бмв“, со швајцарски национални ознаки, управувано од М.С. (54) од Кичево, излетало од коловозот.

Во несреќата, М.С. починал на самото место, смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а сопатниците Н.С.(52) и Ќ.А.(52), исто така од Кичево се здобиле со повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“.

На местото на незгодата увид извршиле Јавен обвинител и екипа од ОВР Гостивар.

По наредба на Јавен обвинител телото на М.С. е предадено за обдукција.

Слично

Поврзани вести