Кобна сообраќајка кај Велес: По пад со камион во провалија загина 23 годишно момче
Кобна сообраќајна незгода утринава однесе во смрт младо момче.
Незгодата се случила на влезот во Велес кога момче на 23 годишна возраст од засега неразјаснети причини изгубило контрола на камионот кој го управувал, се излизгал од патот при што се прекршил, а едниот дел од возилото висело над провалија.
Момчето немало среќа. Вратата му се отворила и паднало во провалијата , но и покрај интервенцијата на брзата помош момчето им подлегнало на повредите во велешката болница.
Повеќе информации за случајот надлежните ќе дадат во текот на денот.
ФОТО: Курир
Слично
