Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОБНА СЕМЕЈНА КАВГА ВО ШТИП: Синот си го убил таткото

КОБНА СЕМЕЈНА КАВГА ВО ШТИП: Синот си го убил таткото

Според првичните сознанија од истрагата на штипската полиција 62-годишниот Т.Б., кој вчера беше пронајден мртов во неговиот дом на ул.„Сутјеска“, бил убиен од неговиот 29-годишен син Г.Б и негов пријател, на возраст од 24 години.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова, вели дека најпрвин во раните утрински часови почнала кавга меѓу синот и починатиот Т.Б по што синот почнал да го удира со тупаници и тапи предмети, а потоа со нож му нанел смртоносни повреди во пределот на главата.

Синот на 62-годишниот Т.Б.  и неговиот пријател, кои се осомничени за кривично дело убиство, се наоѓаат во Основниот суд во Штип, кај судија на претходна постапка.

Засега не се познати мотивите за убиството. 


Слично

Поврзани вести