КОБНА НОВА ГОДИНА ЗА ПОВЕЌЕ МАКЕДОНСКИ ЖЕНИ: Семејното насилство не запира ниту за дочекот
Дочекот на Новата 2024 година се покажа како кобен за четири македонски жени.
Според извештајот на Министерството за внатрешни работи, дури четири жени во текот на ноќта биле нападнати од своите сопрузи или пак од нивните партнери.
Предновогодишната атмосфера била кобна за жителка на Свети Николе.
- На 31.12.2023 во 23:45 часот било пријавено дека во Свети Николе во домот С.И.(26) од Свети Николе физички ја нападнал неговата 27- годишна сопруга. По целосно документирање ќе следува соодветен поднесок - соопштија од МВР.
Новата година не се покажа како позитивна ниту за две жителки на Гостивар, кои исто така биле нападнати од нивните сопрузи.
- На 31.12.2023 во 13 часот во гостиварско село полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода С.Б.(42) поради тоа што во домот физички ја нападнал неговата 37-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок - соопштува МВР.
Воедно, во билтенот пишува дека „на 31.12.2023 во 21:10 часот 38 годишна жена пријавила дека во домот во Гостивар била физички нападната од нејзиниот сопруг Ф.Х.(40)“.
Физички напад врз жена од скопски Илинден е извршен во текот на раните утрински часови, кој според пријавителот го изврштил партнерот на 39-годишната жена.
- Денеска во 02:30 часот во СВР Скопје, 39- годишна жена од Скопје пријавила дека пред угостителски објект во н Илинден била физички нападната од нејзиниот партнер Д.Н.(38) од Скопје. По целосно документирање ќе следува соодветен поднесок - посочуваат од МВР.
Како што информира МВР, имало уште еден случај на насилство врз жена. Имено во 2 часот во СВР Скопје, 41- годишна жена пријавила дека на 31 декември 2023 околу 23.30 часот во угостителски објект на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од нејзиниот партнер А.Т.
Ниту разводот не е причина да запре малтертирањето од партнерот, поточно поранешниот партнер.
Имено, МВР посочи дека во 00.50 часот полицијата на подрачјето на Карпош го лишила од слобода Б.М.Ѓ.(37) од Скопје. Според пријавата, тој на 31 декември 2023 година физички ја нападнал неговата 36-годишна поранешна вонбрачна партнерка.
