Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кобна несреќа во рудникот Суводол: Загина работник во РЕК Битола

Кобна несреќа во рудникот Суводол: Загина работник во РЕК Битола

Шеесетгодишен работник во рудникот Суводол во РЕК Битола починал синоќа, извести РЕК Битола. Според информацијата во која нема многу детали станува збор за несреќен случај при работа со градежна машина. 

„Со длабоко жалење известуваме дека синоќа при несреќен случај во Рудникот Суводол во РЕК Битола, при работа со градежна машина, животот го загуби работник В.К. Во моментот на несреќата, работникот беше ангажиран на извршување на редовни работни активности. Стручните служби на РЕК Битола и надлежните органи се на терен за расчистување на околностите под кои се случи несреќата. Телото ќе биде предадено на обдукција, по што ќе се знаат и причините за смртта на работникот, стои во објавата на РЕК Битола.


Слично

Поврзани вести