КОБЕН ВИКЕНД ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ЖЕНИ - Дури четири пријави за насилство од партнерот
Страшен викенд за македонските мајки и сопруги. Во дури пет случаи е пријавено семејно насилство од страна на сопругот или партнерот. Две млади прилепчанки се повредени од нивните партнери, но иста судбина делела и млада жена од Куманово, како и сопруга од Велес.
Во неделата вечерта во 23:45 часот 33-годишна жена од Прилеп пријавила дека околу 20:30 часот во домот во Прилеп била физички нападната од нејзиниот сопруг И.М.. Од МВР штуро посочуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во текот на вчерашниот ден, во 05 часот 20-годишна жена пријавила дека околу 01.30 часот во Прилеп била физички нападната од нејзиното момче Л.Д.. И во овој случај се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Дваесетгодишна жена од Куманово е исто така нападната од нејзиниот партнер, а за да биде нејзината трагедија уште поголмеа, таа била нападната со тврд предмет.
- На 22.10.2023 во 20:30 часот 20-годишна жена пријавила дека околу 06 часот во домот во Куманово била физички нападната со тврд предмет од нејзиниот невенчан сопруг Л.А.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот - пишува МВР во билтенот.
Како што претходно објавивме, пријава за семејно насилство има и во Велес, каде А.Р.(40) од Велес го испрскал домот со бензин и се заканувал на неговите сопруга, мајка и двете деца.
