Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОБЕН УДАР ОД ГРОМ ВО ТЕТОВСКО: Почина младо момче

КОБЕН УДАР ОД ГРОМ ВО ТЕТОВСКО: Почина младо момче

Ударот од гром бил кобен за дваесет и пет годишниот Е.О. од тетовско Долно Палчиште. Тој вчера бил пронајден починат, по што било утврдена и причината за смртта.

Од СВР Тетово информираат дека вчера во 19:25 часот било пријавено дека во месноста „Карабунар“, атар на тетовски Урвич, Е.О бил пронајден усмртен од удар на гром.

-Смрт констатирал лекар по судска медицина, а Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле увид, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Вчера јавивме дека на познатата охридска плажа „Оревче“, околу 15 часот удрил гром во водата, при што се повредени дури 13 луѓе.


Слично

Поврзани вести