Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОБЕН ДЕН ЗА МАКЕДОНСКИТЕ РАБОТНИЦИ - Две лица завршија во болница по повреди стекнати на работното место

КОБЕН ДЕН ЗА МАКЕДОНСКИТЕ РАБОТНИЦИ - Две лица завршија во болница по повреди стекнати на работното место

Две лица од Скопје се повредени на своите работни места во текот на вчерашниот ден. 

Двајцата завршиле во болниците во главниот град, а за случувањата според извештајот на Министерството за внатрешни работи известен е Државниот инспекторат за труд. 

Во едниот случај, жена на возраст од 56 години од селото Зелениково, се здобила со повреди на работно место во село Марино. 

- Од Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ вчера во 15.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека кај нив со повреди била донесена А.С.(56) од село Зелениково, скопско. Според пријавеното, таа се здобила со повредите при извршување работни задачи во фирма во село Марино, скопско. За настанот бил известен инспектор од Државен инспекторат за труд - соопштуваат од МВР. 

Во текот на вчерашниот ден повредено е и едно младо лице од Скопје, кој бил примен на лекување во една од болниците на клиниката „Мајка Тереза“. 

- Од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен Д.Ѓ.(22) од Скопје. Според пријавеното, тој со повредите се здобил при извршување работни задачи во фирма во село Миладиновци, скопско. За настанот бил известен инспектор од Државен инспекторат за труд - посочуваат од МВР.  

Слично

Поврзани вести