Економија, финансии, бизнис

Контакт

KOBАЧЕВ: Мицкоски го губи времето на своите граѓани во безмислена битка со Бугарија

KOBАЧЕВ: Мицкоски го губи времето на своите граѓани во безмислена битка со Бугарија

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев вели дека македонскиот премиер Христијан Мицкоски го губи времето на своите граѓани во безмислена битка со Бугарија. 

„Четири политички групи се согласија дека текстот треба да се разјасни на местата каде што се зборува за македонскиот идентитет и јазик, да се додаде зборот „модерен“, дека станува збор за сегашниот, нов идентитет и јазик. Гласањето (за таа промена) не можеше да се одржи бидејќи беше блокирано од шест лица од група таканаречени патриоти, кои се спротивставија на тоа под доминација на групата на Виктор Орбан, што го спречи ова усвојување. Но, веднаш потоа, координаторот на ЕПП објави дека амандманите ќе бидат предложени во пленарната сала во јули. И текстот ќе стане недвосмислен. Текстот и сега е таков, но има толкувања дека ЕП само што не го признал „вековниот идентитет и јазик“, што ги прави премиерот на РСМ“, изјави Ковачев за радио Бугарија. 

Ковачев објасни дека мнозинството од групите во ЕП се приклучуваат кон промената, и  конзервативците и реформистите, „па затоа има јасна поддршка за фактот дека текстот мора категорично да се прецизира, за да нема шпекулации“:

„Тоа ќе се случеше денес, но поради пратениците на Орбан, тоа не се случи. Текстот содржи текстови против дискриминација на бугарската заедница, дека не треба да има говор на омраза и дека треба да се исполнат обврските за вклучување на бугарската заедница во нивниот устав, како и почитување на преговарачката рамка – Договорот со Бугарија и Грција и протоколите мора да се почитуваат“, порача Ковачев.

Ковачев додаде и дека премиерот Мицкоски, со своите толкувања на непостоечки текстови го губи времето на сопствените граѓани во оваа бесмислена битка со Бугарија.

Тој најави исто така дека бугарските европратеници имаат намера да го поканат Љубчо Георгиевски во Брисел за да го слушнат известувачите и да разберат „што значи да признаеш во РСМ дека си Бугарин и кога објавуваш историски факти за Ванчо Михајлов“.

Според премиерот Христијан Мицкоски, европската и македонската јавност видоа дека со Бугарија не е проблемот во тоа да се стават неколку стотини Бугари во Уставот, туку дека се работи за идентитетски прашања. 

Слично

Поврзани вести