КОАЛИЦИОНИОТ ПАРТНЕР НА ЦИПРАС НЕ ПОПУШТА: Ќе гласаат само за ова име!
Коалициониот партнер во Грчката влада, партијата на Независни Грци, не oтстапува од својот цврст став по прашањето на сложеното име кое го вклучува терминот Македонија.
Оваа позиција неколку членови на партијата уште еднаш ја потврдиле. Басилис Кокалис, заменик министер за земјоделство, портпаролката на партијата Мадалена Пападополу, и потпретседателот на собранието Димитрис Камеснос во три различни интервјуа го потврдиле тој став.
Тие рекле дека не доаѓа предвид никакво сложено име кое го вклучува терминот Македонија, поради иредентизмот кој таквото име би го поттикнале во Скопје.
Единствено име за кое тие би гласале како што рекол Каменос, е Централна Балканска Република.
Слично
