Коалицијата за промени и правда ќе соработува со секој освен ВМРО-ДПМНЕ
Коалицијата за промени и правда не успеа да се окрупни како широк централно-десничарски блок и трите клучни опозициски десничарски партии како Народна партија на Георгиевски и Обединети за Македонија на Љубе Бошковски ќе одат заедно со своја коалиција, додека пак Стојанче Ангелов од Достоинство посочи дека имал тешкотии да колицира со Демократски сојуз на Павле Трајанов која до скоро беа дел од власта, а со тоа и го поддржуваа режимот на Груевски.

Коалицијата за Промени и Правда е составена од ДС, ФРОДЕМ, МОРО РП И ДЕМОС и соопшти дека останува отворена за соработка со сите опозициони партии кои ќе изразат јасен став дека по изборите нема да коалицираат со обвинетите и осомничени криминализирани структури на партиите на власт.

Нивните два основни принципа се политичка и кривично-правна одговорност за сите што со злоупотреба на довербата на граѓаните ја вовлекоа Македонија во длабока криза и
Воспоставување на уставни механизми и гаранции дека ќе се спречи воспоставување на авторитарна власт. Откако согледале дека овие принципи не се уважени туку поважни биле личните интереси, суети и сценарија за расцепкување на центро десничаркиот трет блок и формирање на нов четврт блок, тогаш подобро е да се фокусираат на сопствената платформа.
