Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОАЛИЦИЈА ЗА ЗАШТИТА НА ДЕЦАТА ТВРДИ: Наставното ливче е од австралиски сајт за ЛГБТ среќни семејства!

КОАЛИЦИЈА ЗА ЗАШТИТА НА ДЕЦАТА ТВРДИ: Наставното ливче е од австралиски сајт за ЛГБТ среќни семејства!

Коалицијата за заштита на децата од родовата идеологија во образованието, општествениот и социјалниот живот, не отстапува од обвинувањата дека во ОУ „Кирил и Методиј“, се реализира реј пропаганда. На нивниот официјален фејсбук профил, оваа организација, обвинува дека директорката на ОУ Кирил и Методиј, се обидува да ја прикрие геј пропагандата која наводно се реализира врз учениците во ова училиште.

“Директорката на ООУ "Св. Кирил и Методиј" од Центар, Соња Кирковска, е разобличена. Со своите лаги и манипулации се обиде да ја прикрие ЛГБТИ+ пропагандата што се врши на првоодделенци!  Бараме веднаш да си поднесе оставка и да ги напушти образовните институции како несоодветна и лош пример за децата!  Бараме од родителите да ги повлечат лажните изјави и да се извинат на Коалицијата, која се обидува да ги заштити нивните деца, за потпомагање на хајката против неа!“, се вели во реакцијата на нивната фејсбук страна. 


Претходно, тие реагираа и за фотографијата која веќе неколку дена ја бранува македонската јавност, како и на образложението на директорката. 

„Не им верувајте на сопствените очи, не се геј, туку татко и две синчиња" - беше воглавно пораката од управата на училиштето ООУ "Св. Кирил и Методиј" од Центар и медиумите со монтирани објави, кои од "професионализам" не сакаа ниту името на Коалицијата да го спомнат. Но, ако оваа слика е навистина слика на татко со двајца синови, како што тврди директорката на училиштето, зошто тогаш синовите се со толкава голема разлика во возраста? Зошто поголемиот „син“ е со темна кожа и воопшто не наликува на таткото? Зошто поголемиот „син“ го гледа својот „татко“ толку заљубено? Зошто таткото го држи својот возрасен „син“ за рака? И зошто „синот“ има бурма на левата рака? Имаме целосна поткрепа не само со анализа, туку и со реален доказ од каде е произлезена оваа работна задача и за која цел е наменета. Целата работна задача е од збор до збор преведена од англиски на македонски, од австралискиот веб сајт наречен Twinkle, кој содржи „наставни“ материјали кои може да ги користат едукаторите за време на нивните предавања. Доколку појдете на веб-сајтот и во пребарувачот напишете „LGBT history month happy family 2023“ или во превод „месец на ЛГБТ историјата среќно семејство 2023“, на самиот врв ќе ви се појави токму оваа слика на „татко и син“ и со сосема истата работна задача, само со една разлика - на веб-сајтот сликата е во боја. Насловот е Recipe For a Special Family Activity Sheet (означен со жолта боја)“ се вели во нивните реакции за наставното ливче. 

Претходно, „Фактор“ разговараше на оваа тема со директорката на училиштето, Соња Кирковска, која истакна дека станува збор за малициозна тенденција за искривување на фактичката состојба училиштето. 

Јавноста беше разбранувана откако на социјалните мрежи беше објавено дека во училиштето се реализира наводна геј пропаганда, за што „Фактор“ исто така известуваше. 

И во рецензијата објавена од страна на „Вистиномер“, наведено е дека фотографијата намерно е извадена од контекст. 

Слично

Поврзани вести